Ангеловски: Против Ерменија ќе играат оние кои се во најдобра форма

Селекторот Игор Ангеловски, во пресрет на дуелот против Ерменија, посочи дека е запознаен со квалитетот на селекцијата на Ерменија, меѓутоа верува дека неговите избраници утре ќе издвојат позитивен резултат на стартот од новиот циклус во Лигата на нациите.

„Имав можност да видам кој од играчите е во најдобра форма и имам визија за тоа кој утре ќе може да ја направи разликата на теренот и да ни донесе позитивен резултат против Ерменија. Нашиот противник има доста нови играчи во тимот кои ги анализирав и се запознав со нивниот квалитет, а имаат и нов селектор кој работел во шпанската лига. Сепак, јас повеќе се фокусирам на нашата задача и сакам да го диктираме темпото. Во меѓувреме ја следиме ситуацијата со Косово, нашиот противник во плејофот од Лигата на нациите, но моментално сум фокусиран на нашите обврски со Ерменија. Секако дека би сакале да играме пред публика бидејќи многу ни значи поддршката од навивачите, но ќе се однесуваме како да се со нас на теренот“, истакна Ангеловски.

Тричковски нема да настапи утре против Ерменија бидејќи не го издржа денешниот тренинг поради повреда.

Дуелот Македонија – Ерменија е закажан за утре, со почеток во 15 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести