Ангеловски: Секоја чест момци, ќе се бориме се додека имаме шанси за пласман на ЕП

„Секоја чест дечки. Задоволство е за се работи со вас. Вечерва посебно ме направивте горд. Браво за публиката која дојде да не подржи. Знаете какви проблеми имавме пред мечот, но сите се ставија во улога на тимот. Сите покажаа колку ја сакаат репрезентацијата. Има уште три меча во квалификациите, следи дуелот против фаворитот со Полска. До последен момент додека има шанси за пласман на ЕП, ние ќе се бориме. Сега ни се зголемија шансите, но не размислувам за тоа дали може да одиме на ЕП. Против Послка дома покажавме дека можеме да се носиме со нив. Ќе одиме да играме фудбал, па ако ни се укаже можност да освоиме бод или три“, рече Ангеловски на прес конференцијата.

Запрашан што мисли за играта на Елиф Елмас, селекторот остана без зборови.

„Елиф Елмас… немам зборови. Се е кажано“, беше краткиот одговор на популарниот Мрме.

Што се однесува до поништениот гол во првото полувреме, Ангеловски објасни дека во соблекувалната ја смирувал ситуацијата, за да не дојде до нервоза кај играчите.

„На полувремето реков дека не смее таа судиска одлука да не извади од колосек, треба да продолжиме во исто темпо и дека ќе стигне наградата“, вели Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести