Официјално: Мбапе нема да игра вечерва на Ел Класико

Реал Мадрид ја објави листата на фудбалери кои се во комбинација за настап на вечерашното Ел Класико против Барселона, а таму го нема Килијан Мбапе.

Од една страна тоа е лоша вест за Кралскиот клуб бидејќи Мбапе е прв стрелец и против Барса во кариерата во просек дава гол на секои 67 минути игра (12 гола за 808 минути), а од друга страна Французинот не е целосно закрепнат од повредата, 16 дена нема играно и без неговиот тим бележи подобри резултати во последно време отколку кога игра Мбапе.

Добра вест за Реал е враќањето на првиот голман Тибо Куртоа, ќе игра и Орелиен Чуамени кој имаше инцидент со Федерико Валверде пред некој ден, но доби само парична казна.

На листата на повредени кај Реал, освен Мбапе се и Карвахал, Менди, Милитао, Валверде, Ѓулер, Родриго, а Себаљос е отстранет пораади техничка одлука на тренерот Алваро Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести