Вечерашното Ел Класико ќе го суди долгогодишен навивач на Барселона (Фото)

Фудбалското Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид кое се играа вечерва од 21 часот на „Камп Ноу“ е специфично, Барса ќе се обиде да го зададе последниот удар и да ја обезбеди титулата, а Реал ќе се стреми да го спречи славјето.

Судија на овој натпревар ќе биде Алехандро Ернандес Ернандес, единствениот Шпанец кој ќе суди на претстојниот Мундијал. Тој и лани судеше Ел Класико.

Неговата популарност на европско ниво и долгогодишното искуство во Ла Лига го прават идеален за ваков тип натпревари, а и Реал Мадрид и Барселона изразија поплаки за овој судија, иако тоа стана вообичаено без оглед на тоа кој е избран да дели правда.

Од Мадрид потсетија на едно старо интервју на судијата во кое на прашањето дали има омилен тим, одговара: Да, се разбира, Барселона.

А, омилени играчи му биле Ромарио и Лаудруп кои играа за Барса во првата половина на 90-тите години кога Алехандро бил дете.

- Оглас -

Најнови вести