Англичани и Турци спакуваа новогодишен подарок од 3.600 евра за Кумановец

Новата година ќе биде многу поубава од обично за еден Кумановец од Соколана. За него оваа последна недела од 2019 година можеби е и најсреќна од изминатава година бидејќи неговиот тикет на кој вложил 1.500 денари е добитен и му донесе вкупно 221.373 денари добивка, од кои 16.398 денари се бонус, кој може да се добие само во обложувалниците на Sport Life.

Новогодишните денови ги кратат фудбалските возбудувања, но може да се направи добитна комбинација од тоа што има, а фудбал се игра во Англија и Турција. На шест премиерлигашки дуели од изминатиов викенд, Кумановецот типувал со двознак и голови, додека два чисти „кецови“ на Башакшехир и Галатасарај ја потврдија успешната прогноза на нашиот редовен обложувач.

ШТО ПОСЛОЖЕНО, ТОА ПОСЛАТКА Е ДОБИВКАТА

Штипјани се махерите за овој викенд, од таму имаме два добитни тикети со одлични суми. Овој првиот е доста сложен и ретко кој може да состави ваков тикет. Ем се потребни нерви да се следат сите комбинации, ем треба да ги најдеш овие мечеви. Со вложени 50 денари, нашиот корисник од Штип си ќари 57,677 денари, а во нив е вклучен и бонусот кој во овој случај изнесува 13.982 денари.

Кошарка, ракомет и по некој африкански фудбал, пошарен тикет одамна не се видел. Но, тоа воопшто не е битно кога сите типови се точни, мајсторски погодени. Алал нека ти е „докторе“.

ЗОШТО ДА СЕ КОМПЛИЦИРА КОГА ДОБИТНИОТ ТИКЕТ МОЖЕ ДА БИДЕ ЕДНОСТАВЕН

Во локалот „Штип 4“, наш обложувач наредил четири, според него сигурни, натпревари кои ги чекал на полувреме и крај, притоа украсени со погодоци. Башакшехир, Евертон, Ватфорд и Саутхемптон му донесоа добива од 110.650 денари, а за нив вложил 300 денари.

Евертон го надигра Њукасл на „Стент Џејмс парк“ во двете полувремиња со конечни 1-2, Ватфорд ја растури Астон вила со 3-0, а Саутхемптон и Кристал палас „братски“ поделија по бод при конечни 1-1. Башакшехир го прегази Касимпаша со 5-1, па во Штип славењето на Новата година почна два дена порано.

ТОП ИМ Е НА ТОПААНЦИ КОГА ГОЛОВИ СЕ ДАРУВААТ КАКО ДА СЕ НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Слична комбинација како тикетите погоре, добивката е благодарение на англиски и турски фудбал. Навидум едноставно составениот тикет на обложувач од Топанско му донесе новогодишно пакетче во форма на 82.558 денари, а го чинеше само 350 денари влог.

Играта „ГГ“ се покажа точна на дуелите Њукасл – Евертон, Саутхемптон – Кристал палас, Норвич – Тотенхем и Вест хем – Лестер. Кецот е погоден на Ватфорд од премиерлигашките средби, додека обложувачот бил сигурен дека турскиот првак Галатасарај ќе нема милост кон Анталијаспор. Ден подоцна Сиваспор славеше со минимални 1-0 против Гезтепе, доволно за да се оди на шалтер со насмевка и добитен тикет.

 

 

- Оглас -

Најнови вести