Англичаните доаѓаат доцна попладне, нема да тренираат на тепихот на „Тодор Проески“

Експедицијата на англиската фудбалска репрезентација, треба да слета во Скопје околу 18.20 часот, и најавиле дека вечерва нема да тренираат на стадионот „Тодор Проески“ кој има нова тревната подлога.

Инаку, Англичаните ќе бидат сместени во хотелот „Мериот“ во строгиот центар на Скопје, и движењето околу хотелот ќе биде под строг режим.

Наместо на стадион и тренинг со топка, тие ќе заминат на „истегнување“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ после долгиот лет од Бирмингем до Скопје.

- Оглас -

Најнови вести