Селекорот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, доби добра вест пред осминафиналето со Словачка, ќе има на располагање вистински лев бек.
Единствениот класичен лев бек во тимот, фудбалерот на Манчестер јунајтед, Лук Шо, конечно е подготвен и ќе му биде на располагање на Саутгејт.
Шо дојде неподготвен на ЕВРО 2024, но Саутгејт го чекаше и со раширени раце го дочека да биде во комбинација во елиминациската фаза, па најверојатно од стартната линија ќе го исфрли Киран Трипие, кој е десен бек и се сели на клупата за резерви, откако на првите три меча ја покриваше спротивната страна во отсуство на Шо.