Репрезентацијата на Англија продолжува со максималниот ефект во квалификациите за Светското првенство 2026, откако славеше на гостувањето кај Андора со минимални 0-1. За „гордиот албион“ ова е трета победа на третиот меч и тоа без примен гол.
Иако за противник ја имаа една од најслабите селекции во Европа, сепак Англичани мораа да се помачат за да дојдат до победата и бодовите, кои се чини дека однапред ги впишаа на нивното конто.
Единствениот гол на мечот беше дело на Хари Кејн во 50-тата минута, кога најдобро се снајде во противничкиот шеснаесеник во една мечаница. Англија упати 20-тина удари кон противничкиот гол, но само еден заврши позади грбот на голманот на Андора.
Англија е лидер во групата „К“ со максимални девет бода од три натпревари. Албанија и Летонија имаат по три бода со ефект од по една победа и пораз, додека Србија поради настапот во Лигата на нации, квалификациите ги започнува со гостински дуел против Албанија.