Англичаните се песимисти – Вимблдон може да не се игра за првпат по Втората светска војна?

Во следните 48 часа ќе биде донесена конечната одлука дали Вимблдон ќе се играа годинава или ќе се случи за првпат по Втората светска војна неофицијалното тениско првенство да не се одржи.

Решението треба да се донесе по серијата итни состаноци на Британската тениска асоцијација и на двете професионални асоцијации на светските тенисери, АТП и ВТА.

Според распоредот, Вимблдон треба да се игра од 29 јуни до 12 јули, но таа варијанта не е сигурна, а ако не се игра во тој термин, тогаш според Џејми Мареј, воопшто и нема да се игра тенис оваа година во „Ол-Ингланд клубот“.

„Тешко е да го одложите Вимблдон во друг термин поради многу причини. Прво има и други турнири што се закажани за подоцна, потоа подлогата е специфична, а и денот ќе се намали ако се планира да се игра подоцна во годината. Не верувам дека ќе има друг термин освен оригиналниот во јуни и во јули“, изјави репрезентативецот на Велика Британија во Дејвис купот.

- Оглас -

Најнови вести