Англиски третолигаш постави неславен рекорд каков што немало во досегашните 135 години!

Екипата на Челтенам, која се натпреварува во англиската Лига 1 (трета лига по квалитет), постави неславен рекорд. Тоа е првиот и единствен клуб во 135-годишната историја на англискиот фудбал кој не успеал да постигне ниту еден гол во првите девет лигашки дуели.

Без разлика за која лига во Англија се работи, никогаш претходно немало клуб кој во првите девет кола не успеал да постигне ниту еден погодок. Во саботата, Челтенам дома загуби со 0:3 од Стивениџ и по девет кола има гол-разлика 0:15 и само еден освоен бод благодарение на реми од 0:0.

Единствениот гол што Челтенам го даде е во фудбалскиот Лига трофеј, кога загубија со 4:1 од Бристол роверс, а интересно е дека тоа всушност беше автогол.

Претходниот негативен рекорд од осум стартни меча без даден гол беше во сопственост на Халифакс, кој во сезоната 1990/91 не даде ниту еден гол во првите осум кола кога се натпреваруваше во четвртата лига.

- Оглас -

Најнови вести