15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Англиските фанови за една вечер „испиле“ 400 милиони евра во пиво!

Навивачите на англиската репрезентација потрошиле неверојатни 400 милиони евра за пиво само за една вечер, кога беше дуелот против Франција, во четвртфиналето од Светското првенство, пренесуваат повеќе извори од тамошните медиуми.

Англија е елиминирана од Мундијалот по поразот од 1:2, а по направената студија од Глобал Дејт, дури 30.000 пабови низ цела Англија биле полни со навивачи, што е прв ваков случај по пандемијата со Коронавирусот.

Пресметките се дека навивачите кои биле во пабовите, вкупно за пиво потрошиле 350 милиони фунти, односно околу 400 милиони евра и тоа за само една вечер.

- Оглас -

Најнови вести