Англиските премиерлигаши Нотингем форест и Кристал палас остануваат во европските натпреварувања и тоа со многу среќа и по многу драма. Во Лига на Европа, Нотингем форест победи на гости кај Митјеланд со 2:1, но ако се знае дека данскиот тим на првиот меч славеше со 1:0, по 180 минути резултатот беше израмнет 2:2, па мораа да се играат дополнителни 30 минути.
Во дополнителните 30 минути немаше голови, па патникот во четвртфиналето мораше да се реши по изведување на пенали. Интересно е дека во пенал-рулетот фудбалерите на Митјеланд ги промашија сите три пенали, а гостите погодија три пати и на крајот славеа со 3:0.
Во Конференциската лига на УЕФА, Кристал палас се радуваше на гости на Кипар кај АЕК Ларнака на победа од 2:1. Првиот меч во Англија заврши без голови, а во Ларнака беше 1.1 по 90 минути, па мораше да се играат дополнителни 30 минути. Во 99 минута Сар даде гол за победа на гостите од Англија со 2:1 и пласман на Кристал палас во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА.

