Германскиот бундеслигаш Фрајбург не дозволи изненадување и со убедливи 5:1 го победи Генк во реванш мечот од осминафиналето во Лига на Европа и оди понатаму со 5:2. Фрајбург поведе со 2:0, а гостите постигнаа до за 2:1 на полувреме. Германскиот тим имаше фуриозни почетни 15 минути од вториот дел и со нови два гола ги реши сите дилеми околу конечниот победник, а до крајот на дуелот „пукна петарда“ во мрежата на гостите.
Во дерби пресметката меѓу Олимпик Лион и Селта Виго, на крајот победнички си заминаа гостите од Шпанија. По првиот меч во Виго, резултатот беше 1:1, но Селта славеше со 2:0 на гости кај Лион во меч на кој домашниот тим остана со двајца играчи помалку поради црвени картони.
Во Конференциската лига на УЕФА, АЕК на свој терен загуби со 0:2 од Целје, но грчкиот тим оди понатаму благодарение на победата на првиот меч на гости со 4:0. Мајнц на свој терен со 2:0 славеше над Сигма Олимуц и оди во следната фаза, каде ќе биде и Фиорентина која втор пат со 2:1 славеше над Раков.

