Анте Ребиќ потпиша едногодишен договор со сплитски Хајдук. Според информациите од Хрватска, 31-годишниот офанзивец кој има играно и за Милан, Ајнтрахт, Фиорентина, Бешикташ, ќе заработува 450 илјади евра годишно, со можност за бонус во случај на освојување на титулата.
Сепак, брзо по потпишувањето на договорот, Хајдук доби и лоши вести во врска со Анте. Ребиќ нема да може да игра во првите два натпревари за Белите. Причината е црвениот картон што го доби додека сè уште беше играч на Лече. Инцидентот се случи во последното коло од минатата сезона во Серија А. Тој го доби картонот на полувремето во тунелот, каде што имаше вербална расправија со судијата. За ова, тој е казнет со 15 илјади евра и суспендиран на два натпревари, а непријатната вест за Хајдук е дека оваа суспензија ќе се пренесе во хрватското првенство.
Хајдук ја отвора сезоната со натпревар против Истра в недела во 21 часот на Пољуд, а суспензијата на Ребиќ ќе се смета за тој натпревар само ако клубот успее дотогаш да го регистрира. Доколку не успее, суспензијата ќе почне да важи дури од следниот натпревар против Горица, па Ребиќ би пропуштил и три меча во ХНЛ.