Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, е дел од кампањата за претстојните избори во соседна Србија, и тоа како дел од поддршката на актуелниот српски претседател, Александар Вучиќ.
Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, беше присутен на предизборниот митинг во Врање, па доби и специјален поздрав од претседателот на Србија, кој не штедеше зборови за да го испофали, како што вели тој, македонскиот и српски кошаркар Перо Антиќ.
– “Сакам да го поздравам и да му се заблагодарам на еден гостин вечерва. Тоа е легендарниот македонскиот и српскиот кошаркар Перо Антиќ. Еден голем аплауз. Перо е човек кој никогаш не избега од мегданот, тој не се срамел ни од својата земја, ни од својот народ. И му благодариме што е со нас, на нас неговата поддршка бескрајно многу ни значи. Се надевам дека секогаш ќе биде со нас, како ние секогаш што ќе бидеме со него.“ – рече Вучиќ на митингот во Врање.