Еден од најбараните фудбалери во Премиер лигата пред јануарскиот преоден рок, Антоан Семењо, веќе ги одредил своите приоритети меѓу клубовите кои покажуваат интерес за неговиот ангажман. Според британските медиуми, репрезентативецот на Гана најмногу посакува трансфер во Ливерпул, каде што е разгледуван како долгорочно решение и потенцијален наследник на Мохамед Салах.
Доколку трансферот на „Енфилд“ не се реализира, втората опција за Семењо е Манчестер сити, додека Манчестер јунајтед во моментов има најмали шанси да ја добие трката за неговиот потпис.
Англиските медиуми откриваат дека откупната клаузула во договорот на Семењо со Борнмут, во висина од 65 милиони фунти, ќе важи само во периодот од 1 до 10 јануари.
Во јуни клаузулата ќе се намали на 50 милиони фунти, но малку е веројатно дека клубовите ќе чекаат до тогаш, со оглед на проценките во Англија дека и актуелната сума од 65 милиони фунти е релативно ниска за квалитетите на 25-годишниот офанзивец.

