28.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Антони плачеше на презентацијата во Бетис: „Баерн ми нудеше седум милиони, но јас ви дадов збор“ (Видео)

Неуспешната авантура на Антони во Манчестер јунајтед и официјално заврши. Бразилецот минатата сезона беше на позајмица во Бетис, но сега екипата од Севиља го откупи неговиот договор и тој ќе продолжи да настапува во Ла Лига.

Антони имаше емотивен говор на презентацијата, па со солзи во очите истакна дека имал понуда и од Баерн Минхен, но се одлучил за Бетис.

„Севиља е многу поубава од Манчестер. Минав 40 дена во хотел, ми беше многу тешко. Сите знаеја дека сакам да се вратам во Бетис, но само моето семејство знаеше колку ми беше тешко, тренирав сам, ама знаев дека ќе дојде овој неверојатен момент. Ден пред да биде сè договорено со Бетис, разговарав со Баерн. Ми нудеа седум милиони евра нето годишно. Одбив и им кажав дека веќе му дадов збор на Бетис. Знам дека тука ќе бидам среќен“, рече Антони.

- Оглас -

Најнови вести