Фудбалскиот клуб Пиза утрово официјално објави дека му ја соопштил на Алберто Џилардино болната лична и професионална желба за промена на техничкото водство на првиот тим.
„Нашата искрена благодарност оди до Алберто и сите членови на неговиот персонал за она што му го дадоа на клубот, тимот и навивачите во последните месеци. Пиза ќе го објави името на новиот тренер на првиот тим во следните неколку часа“, објавија од клубот.
Пиза е претпоследна на табелата во Серија А, имаат само една победа во досегашните 23 кола (имаат и по 11 порази и ремија), а капак беше синоќешниот пораз дома од Сасуоло, по што раководството реши да се раздели со шефот на стручниот штаб.
Фаворит за преземање на тренерското место во Пиза е Марко Џампаоло кој е слободен откако се раздели со Лече во јуни минатата година. Џампаоло бил тренер и на Милан, Торино, Сампдорија, Емполи и Кремонезе.

