9.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Екитике и Вирц го урнаа Њукасл (Видео)

Ливерпул се врати на победнички пат во Премиер лигата по пауза од пет кола, откако пред својата публика убедливо го совлада Њукасл со 4-1. Црвените влегоа во сериозна резултатска криза, а позицијата на менаџерот Арне Слот се доведуваше во прашање, но вечерашниот натпревар покажа дека Ливерпул сè уште има шанса да ја спаси сезоната.

Првиот гол на мечот го постигна Ентони Гордон во 36-тата минута. Крилниот фудбалер прими топка на работ од шеснаесетникот, со финта создаде простор и прецизно шутираше за водство од 0-1 за Њукасл.

Сепак, радоста на гостите траеше кратко. Уго Екитике за само две минути постигна два гола, носејќи пресврт и водство за Ливерпул од 2-1 со кое се замина на одмор.
Во второто полувреме домаќините ја потврдија победата со головите на Флоријан Вирц и Конате, за конечни 4-1.

Во следното коло Ливерпул го чека нов голем предизвик, бидејќи ќе се соочи со Манчестер сити, додека Њукасл ќе се сретне со Брентфорд.

- Оглас -

Најнови вести