Антонио со 10 од 10 против Тотенхем, а Лестер се коцкаше, и доби!

Вест Хем го победи Тотенхем со 1-0 во лондонската пресметка која ја одлучи кој друг, ако не Мајкил Антонио. Овој напаѓач во својата премиерлигашка кариера, на десет меча против Тотенхем, има дадено 10 гола.

Антонио е трети стрелец во историјата на Премиерлигата по број на голови дадени само од близина. Антонио сите 52 гола ги има дадено од внатре во 16-никот. Повеќе погодоци од него, без да погодат од далечина имаат само Тим Кејхил (56) и Чичарито (53). Гостите ниту еднаш не се заканија опасно, иако во своите редови имаат играчи како Кејн, Сон, Моура, Ндомбеле.

Лестер славеше против Брентфорд со 2-1. Победничкиот гол беше дело на Џејмс Медисон за кого ова е прв погодок од февруари наваму. Интересно е што кај Лисиците, на полувреме беше повлечен од игра Џејми Варди, и тоа од тактички причини, а не поради повреда. Варди само по трети пат во кариерата беше изваден од игра на пауза.

 

- Оглас -

Најнови вести