Бруно Фернандеш го израмни ефектот на Кристијано Роналдо во дресот на Манчестер јунајтед

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, го израмни постигнувањето на Кристијано Роналдо од неговиот престој на „Олд Трафорд“.

Португалецот стигна до вкупно 140 поени (70 голови и 70 асистенции) во Премиер лигата, колку што има и неговиот сонародник (103 голови и 37 асистенции).

Триесет и едногодишниот Бруно ја забележа својата 19-та асистенција сезонава во Премиер лигата при победата од 2:1 над Брентфорд во 34-тото коло. Тој сега е само на една асистенција од поставување нов рекорд во ова натпреварување.

 

- Оглас -

Најнови вести