Арбелоа на заминувањето од Реал најави: „Нема шанси да бидам во стручниот штаб на Мурињо“

Сѐ уште актуелниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, денеска одржа прес-конференција во пресрет на последниот натпревар оваа сезона во Ла Лига против Атлетик Билбао.

Тоа ќе биде и негов последен натпревар на клупата на Реал.

Тој зборуваше и за враќањето на Жозе Мурињо во Кралскиот клуб.

„Се надевам дека ова е само довидување бидејќи ова секогаш ќе биде мој дом. Му припаѓам на Реал Мадрид веќе 20 години во различни улоги и ова засекогаш ќе биде моја куќа. Утре е мојот последен натпревар на клупата на Реал, а не знам дали е и последен во мојата тренерска кариера“, изјави Арбелоа.

Тој додаде дека целта е да се прости од навивачите со победа.

„Утре е голем натпревар, можност за збогување со навивачите. Натпреварите на домашен терен секогаш се посебни и поинакви. Сакаме навивачите да уживаат, тоа е најважно.“

За својата иднина не сакаше премногу да открива, но ја отфрли можноста за соработка со евентуалниот нов тренер.

„Не е мое да зборувам за можностите. Мурињо има фантастичен стручен штаб. Ако дојде во Реал Мадрид, ќе го доведе својот тим и не постои никаква можност јас да бидам дел од тоа. Од понеделник ќе морам да размислам што е најдобро за мене. Сметам дека веќе направив исчекор и многу напредував во изминатите четири месеци“, порача Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести