Со светлосна брзина Мбапе донесе драма и продолженија во финалето на Мундијалот (Видео)

Одлично финале со многу драма играат Аргентина и Франција, а ќе има продолженија од двапати по 15 минути, откако во регуларниот дел мечот заврши 2:2.

До 80. минута мечот беше еднонасочна улица и мина во комплетна доминација на Аргентина, која водеше со 2:0 со головите на Лионел Меси од пенал во 23. минута и на Анхел Ди Марија во 36. минута.

И се до последните 10 минути од регуларниот дел Меси го живееше својот сон и цврсто ја имаше в раце Златната божица за првпат во кариерата, но се појави неговиот соиграч од ПСЖ Килијан Мбапе.

Со два гола за две минути, во 80. од пенал и во 82 минута со одличен удар со нога ги шокира Аргентинците и израмни на 2:2.

https://twitter.com/Aniruddhttt/status/1604521425842212864?s=20&t=6wFygyLkjS46olJqM9XTNw

Со головите го смени и Меси од врвот на листата со најдобри стрелци и сега е прв со 7 гола, а драмата во Лусаил продолжува со продолженија.

https://twitter.com/Abushahma02/status/1604523240353071104?s=20&t=6wFygyLkjS46olJqM9XTNw

 

 

- Оглас -

Најнови вести