Аргентина пак ќе ги победи своите омилени муштерии

6810 Полска – Саудиска Арабија (14.00 часот)

Полска имаше бледо издание против Мексико, но можеше и да победи ако Левандовски дадеше гол од пенал. Напаѓачот на Барса уште нема дадено гол на Мундијалите, сигурно ќе биде екстра мотивиран попладнево да му донесе три бода на својот национален тим. Саудијците приредија чудо против Аргентина, а ако ја победат и Полска, за нив осминафиналето е тука. И тие си имаат добри и лоши страни, непредвидливи се, но и полни со самодоверба. Полска има серија од пет меча по ред со 0-2 гола.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.78)

 

1140 Чарлтон – Стокпорт (16.00 часот)

Ова е дуел од 64-финалето во англискиот ФА куп. Денеска во ова натпреварување се играат многу мечеви, а квотите за конечен тип кај овој пар најавуваат неизвесност. Чарлтон е домаќин, игра во една лига погоре од Стокпорт, па според тоа, би требало да биде во предност. Чарлтон е тим кој често и дава и прима голови, а и Стокпорт на последните два меча во Лига 2 имаше ГГ и 3+ голови.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.74)

 

6811 Франција – Данска (17.00 часот)

Данците разочараа во првото коло кога одиграа 0-0 против Тунис, сега пред нив е исправен светскиот првак кој и покрај проблемите со повредите, покажа дека има екстра квалитет. На 25-ти септември во Лигата на нации, Данска ја совлада Франција со 2-0, а и во јуни Данците беа подобри, тогаш со 2-1 и тоа во Париз. Тогаш голот за Франција го даде Бензема кој вечерва нема да игра. На официјален меч, Франција 22 години не победила против Данска. Пред четири години на СП во Русија, одиграа 0-0.

Предлог тип: 1 & 3+ (3.10)

 

6812 Аргентина – Мексико (20.00 часот)

Аргентина и Мексико трипати играле меѓусебе на светските првенства, и секогаш победувала Аргентина и тоа биле ефикасни мечеви со голови на двете страни, па ако ве интересира традицијата, таа е на страна на Албиселесте. После шокот против Саудиска Арабија, Гаучосите треба да покажат дека го заборавиле тој меч, а во најава се и неколку измени во составот. Мексико 18 години не знае за победа против Аргентина. Нерешено не би ги задоволило Аргентинците, ниту Мексиканците, иако тоа би ги оставило во игра за осминафинале.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)

 

1316 Лас Палмас – Тенерифе (22.00 часот)

Ова е соседско островско дерби од втората шпанска лига. Лас Палмас е трети на табелата, но има серија од четири средби по ред без победа. Тенерифе е 14-ти на табелата, но во форма е, има две победи по ред. Лас Палмас ја има втората најцврста одбрана во лигата, на нивните мечеви ретко паѓаат над три гола. Во минатата сезона, Тенерифе славеше на гости кај Лас Палмас со 2-1, пред тоа домашните победија 2-1.

Предлог тип: Х (2.95)

- Оглас -

Најнови вести