Светскиот првак Аргентина го совлада Хондурас со 2-0, додека Бразил беше подобар од Египет со 2-1 во пријателски натпревари кои покажаа дека јужноамериканските гиганти се подготвени да се борат со европските селекции за светската титула на претстојниот Мундијал.
Аргентина играше без Лионел Меси кој има ситна повреда и остана на клупата, а головите за победа ги постигнаа Лаутаро Мартинес и Џовани Симеоне. За Аргентина тоа е шеста победа по ред.
Кај Бразилците го немаше Нејмар во составот, тој се рехабилитира од повредата, а Бруно Гимараеш и Ендрик постигнаа голови со кои беа совладани Фараоните на средбата во Кливленд.

