Флорентино Перез или Енрике Рикелме е изборот кој го имаат членовите на Реал Мадрид на денешните претседателски избори, први по пауза од 20 години. Ќе се гласа од 9 до 20 часот, а право на глас имаат околу 75.000 фанови постари од 14 години.
Кампањата беше жестока со критики и напади на двете страни, како и многу ветувања и најави за трансфери. После крајно неуспешната сезона, на Реал ќе му треба реакција веднаш и ќе се менува трансфер политиката, кој и да победи.
Според анкетите, фаворит беше актуелниот прв човек Перез кој рече дека има договор со тренерот Жозе Мурињо, и дефанзивците Ибрахима Конате и Дензел Думфрис, а најави и една суперѕвезда, како и уште неколку нови имиња во тимот.
Рикелме вети дека во клубот ќе ги врати легендите Раул, Касилјас, Јеро кои би имале директорски функции, а најави дека ако тој стане претседател, во Реал ќе ги донесе Ерлинг Халанд и Родри, додека за тренер ќе преговара со Јирген Клоп.

