Англија упати 23 удари, но победи минимално со голот на Кејн (Видео)

Репрезентацијата на Англија ја забележа првата победа во 2026 година, откако на првиот контролен дуел пред Светското првенство славеше против Нов Зеланд со минилани 1-0. Англичаните упатија дури 23 удари кон голот на противникот, но мрежата се затресе само еднаш – во 45-тата минута кога погоди Хари Кејн.

Генералката за Англија ќе биде во среда, кога играат против Костарика.

Шкотска на 14-ти јуни го игра првиот меч на Светското првенство против Хаити, па дуелот против Боливија за нив беше генералка пред Мундијалот и тоа повеќе од успешна, бидејќи славеа со убедливи 4-0, резултат кој беше постигнат уште во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести