Аргентина повторно без својот „Ангел-чувар“

Репрезентацијата на Аргентина за контролите со Венецуела и Мароко нема да може да смета на еден од најдобрите фудбалери, Анхел ди Марија. Тој на тренинг се здоби со мускулна повреда на левата нога и неговото враќање во националниот тим ќе биде одложено за некоја друга прилика.

Крилото на ПСЖ игра во добра форма (16 гола и 13 асистенции) и заедно со Линел Меси требаше да бидат лидери на овој состав на Аргентина кој летово ќе атакува на титулата на Копа Америка. Олеснителна околност е што Аргентина сега игра само пријателски, а не официјални мечеви.

Инаку, мускулните повреди на Ди Марија и во минатото го спречуваа да игра за својата земја, и тоа на супер важни мечеви. Тој поради сличен проблем, не можеше да игра во полуфиналето и финалето на СП 2014, а беше изваден од игра во финалето на Копа Америка во 2015 година.

Местото на Ди Марија во почетниот состав на средбата со Венецуела ќе го заземе Гонзало „Пити“ Мартинес.

- Оглас -

Најнови вести