Аргентина треба да се пази од блескавата француска традиција на Мундијалите (Фото)

Аргентина треба многу да внимава на блескавата француска традиција на Мундијалите во недела од 16 часот, во мечот за светската титула.

Лионел Меси и соиграчите, особено тие од одбраната не смеат да им дозволат на Триколорите да имаат предност по првото полувреме бидејќи во таков случај Галските петли се неуништливи.

Досега на 26 меча кога Франција имала предност по првиот дел, дури 25 пати победила и само еднаш било нерешено, без ниту еден пораз.

Финалето ќе се игра во недела од 16 часот, а Франција ја брани титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести