Фудбалерите на Аргентина го претрпеа првиот пораз како актуелни светски прваци, откако на свој терен со 0:2 загубија од Уругвај во квалификациите за Светско првенство 2026 година. Освен двата гола на гостите, мечот го одбележа и инцидентот кој се случи во средината на првото полувреме, а еден од главните протагонисти беше и Лионел Меси.
Матијас Оливера започна конфликт со Родриго де Пол и делуваше дека нема да се случи ништо посебно, но во тој момент дотрча Меси, кој прво го удри Оливера со лакт во градите, а потоа со левата рака го фати противникот за вратот, па потоа го пушти. Судијата не додели ниту еден картон за оваа мешаница.
🚨| Messi elbow and throat grab incident
No card given.
pic.twitter.com/PhHQqWvxZH— Red Card Alert (@collinabanter) November 17, 2023
За Уругвај ова беше историска прва поведа на теренот на Аргентина во еден квалификациски дуел, а остварена е со погодоците на Роналд Араухо во 41-вата минута и на Дарвин Нуњес во 87-мата минута.
Меси не успеа да постигне гол и со тоа прекина низа од девет натпревари на кои погодуваше во дресот на националната селекција на кои започнал како стартер. За Аргентина ова беше само втор пораз во последните речиси пет години. Голманот Емилијано Мартинес ја прекина низата од 751 минута без примен гол, а ова беше и прв дуел во последните 24 средби на кои Аргентина не успеа да постигне гол.
Во претходните 50 натпревари, Гаучосите имаа пораз само од Саудиска Арабија (2:1) на стартот од Светското првенсво кое минатата година се играше во Катар. Аргентина во квалификациски натпревар немаше пораз од 2017 година, кога загуби од Боливија на гости, а дома немаше пораз во квалификации од 2016 година, кога беше поразена од Парагвај.
Освен Аргентина, утрово загуби и Бразил, и тоа на гости кај Колумбија со 2:1. Ова е само вторпат во историјата на јужноамериканските квалификации, Аргентина и Бразил да загубат во ист ден.
Во останатите мечеви: Чиле – Парагвај 0:0, Венецуела – Еквадор 0:0 и Боливија – Перу 2:0.