Аргентинец е нов селектор на Мексико!

Аргентинскиот стручњак Диего Кока, е нов селектор на фудбалската репрезентација на Мексико. Тој на оваа функција го наследува сонародникот Тата Мартино.

Кока кој има 50 години, е добро запознат со мексиканскиот фудбал, до неодамна беше тренер на Тигрес, а во таа земја има и две титули како тренер на Атлас, додека со Расинг беше првак во родната Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести