Аргентинец ја направи најчудната тетоважа во чест на Ѓоковиќ (Фото)

Планетарно познатите спортисти имаат голем број на фанови, а не е мал бројот и на они е кои се фанатици. Таков е случајот со Аргентинецот Франко, кој е голем фан на најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ.

Навивачот се пофали дека во чест на Ѓоковиќ на својоте нозе ги истетовирал бројките 40 и 15. Тоа се бројките посветени на резултат во три тениски гејма кој ја одбележаа кариерата на Ѓоковиќ. Во сите три случаи, популарниот Ноле успевал да направи пресврт во дуелите со Роџер Федерер, иако Швајцарецот при тој резултат од 40:15 имал по две меч топки на тие дуели.

Се работи за два меча на САД Опен и дуелот на Вимблдон од 2019 година, кога Србинот правеше неверојатни пресврти во дуелите со Федерер.

„Тоа се најважните бројки во мојот живот. 40:15 сега влегоа во вечноста“, објасни Франко во својата објава.

Оваа тетоважа не е прва која Аргентинецот ја прави во чест на Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести