Низок Аргентинец со 10-ка на грбот, а не е Меси, го даде голот на сезоната во МЛС (Видео)

Нема дилеми дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во американската МЛС лига, но таму играат и други одлични Аргентинци кои не се толку познати, а еден од нив е Лучо Акоста, кој од 2021 година е член на Синсинати.

Акоста синоќа против Шарлот постигна гол кој е најубав во досегашниот тек од сезоната во МЛС.

Аргентинецот кој е далеку понизок и од Меси, дете е на Бока јуниорс, а има број 10 на дресот, направи соло акција која ја заврши со одличен шут во горниот агол.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1705760807869448524

- Оглас -

Најнови вести