25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Аргентинка може да заглави во катарски затвор, додека славеше, ги покажа градите (Видео)

На аргентинска навивачка која во живо на стадионот „Лусаил Ајконик“ во Доха го следеше финалето на СП ѝ се заканува затворска казна бидејќи премногу се опуштила во прославата на третата светска шампионска титула на Гаучосите и ги покажала градите.

Откако Аргентиците предводени од Меси во финалето ја совладаа Франција по пенал-рулетот, ТВ-камерите фатија една навивачка на трибините на стадионот „Лусаил Ајконик“ како слави со голи гради, што е казниво според катарските закони.

Државата која го организираше Светското првенство ги предупреди навичите од целиот свет да ги почитуваат законите на муслиманската земја и да покажат респект кон локалната култура и да не се соблекуваат во јавност.
Според катарските медиуми, навивачката ја чека затворска казна.

https://twitter.com/king5j30/status/1604699395894964225?s=20&t=gTR1zywpU92gTmYiuMj8sw

 

- Оглас -

Најнови вести