Аргентински клуб им давал вијагра на играчите

Вијаграта е доста популарно медицинско средство, познато во светот за подобрување на импотенцијата кај мажите, но сега имаше слуај кога ова средство се користеше за подобро претставување на фудбалскиот терен. Клупскиот лекар на аргентинскиот Унион де Санта Фе, Сантијаго Калво, им даде вијагра на играчите пред мечот со Индепендиенте дел Вале.

Овој двобој од јужно-американската Копа Судамерикана се одигра во Кито (Еквадор) на надморска височина од 2.850 метри. Бидејќи вијаграта ги раширува крвните садови околу белите дробови, таа им помогна да се избегнат физички проблеми поврзани со огромната надморска височина во главниот град на Еквадор.

Користењето на сините апчиња не било задолжително, туку по желба. Не е познато колкумина од фудбалерите земале од апчињата, на теренот немаше резултат. Унион де Санта Фе загуби со 0-2 по регуларниот дел, а потоа испадна на пенали.

- Оглас -

Најнови вести