Аргентинските медиуми немаат дилеми: Историска бламажа

Селекцијата на Аргентина, која заедно со Бразил се смета за главен фаворит за титулата, доживеа шокантен пораз на стартот на Светското првенство во Катар, и тоа од Саудиска Арабија со 1:2, иако по првиот дел имаше водство од 1:0, а притоа постигна уште два гола кои беа поништени поради офсајд.

Ова е првото големо изненадување на Мундијалот во Катар за кое малкумина очекуваа дека ќе се случи токму на меч на Аргентина, а на такво нешто најмалку се надеваа медиумите во оваа јужноамериканска земја, кои поразот го опишаа како историски блам.

„Тежок удар за Аргентина. Аргентина се заплетка во мрежата на Саудиска Арабија и доживеа историска бламажа во Катар. Од Еуфорија до неверување. Целосно изненадување. Дебито на репрезентацијата на Аргентина во Катар беше целосна спротивност на тоа што сите го очекуваа“, пишува аргентинскиот весник „Кларин“.

- Оглас -

Најнови вести