Аргентинците полудеа од радост, еден од нив се заборави и опасно ги провоцираше Холанѓаните (Фото)

Аргентинците денеска двапати се радуваа по маратонските две први четвртфиналиња на Мундијалот во Катар, најпрво за елиминацијата на вечниот ривал Бразил од Хрватска, а потоа и за својата победа против Холандија.

Лаутаро Мартинес со прецизен удар во последната петта пенал серија го заврши драматичниот маратон против Холандија со победа од 4:3 на пенали, а потоа почна лудото славје на Аргентинците.

Малку во целата ситуација претера Николас Отаменди, кој ги провоцираше Холанѓаните.

Во меч со многу набој и двојна драма, Лалињата се спасија од елиминација со гол за 2:2 во 11-та минута од судиското продолжение, односно во 101 минута со вториот гол на Вут Вегхорст.

Претходно истиот играч во 83. минута намали на 1:2, откако Молина и Меси и донесоа предност на Аргентина од 2:0.

За два дена во првото полуфинале меѓусебе ќе играат Аргентина и Хрватска, селекција која е актуелен светски вицешампион.

Утре се играат двете преостанати четвртфиналиња меѓу Португалија и Мароко од 16 часот и меѓу Франција и Англија од 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести