Милик нема да може да му помогне на Јуве до крајот на сезоната

Аркадјуш Милик се соочи со нова повреда, која ќе го оддалечи од терените најмалку четири до пет недели, со што за него речиси сигурно е завршена сезоната, јавуваат италијанските медиуми.

Полскиот напаѓач неодамна се врати во тимот по подолга пауза, но нов мускулен проблем повторно го исфрли од конкуренција, пренесува „Газета дело спорт“. Во текот на оваа сезона Милик настапи само во два куси наврати, со вкупно 34 одиграни минути.

Оваа ситуација претставува дополнителен проблем за Јувентус и тренерот Лучано Спалети во битката за место во Лигата на шампионите, особено имајќи предвид дека надвор од составот е и Душан Влаховиќ.

Иако Милик неодамна се обиде да се врати во ритам, со настапи против Сасуоло (11 минути) и Џенова (23 минути), не успеа значајно да придонесе.

Неговата борба со повредите трае уште од операцијата на менискусот во јуни 2024 година, по која ја пропушти целата претходна сезона, а и оваа ја поминува без континуитет. Последниот негов гол датира од мај 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести