Лудило од фудбал: Пет гола во првото полувреме и водство за Реал во Минхен

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастично прво полувреме, по кое Kралевите имаат предност од 2-3.

Реал Мадрид поведе уште во првата минута со погодок на Арда Ѓулер, по голем кикс на Мануел Нојер, но следуваше брз одговор – Андриј Лунин возврати со грешка, што ја искористи Александар Павловиќ за израмнување.

Ѓулер повторно стапи на сцена и со одличен погодок од слободен удар му донесе ново водство на Реал, но Хари Кејн брзо израмни на 2-2.

Во самиот финиш на првиот дел, по асистенција од Винисиус јуниор, Килијан Мбапе погоди за 2-3 и нова предност за гостите. Со ова Реал ја анулира негативата од првиот меч во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести