35.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Ариго Саки го нападна Хојлунд: Не сака во Милан? Па, не е тој Ван Бастен!

Легендарниот поранешен тренер на Милан, Ариго Саки, ја прокоментира одлуката на Расмус Хојлунд да го одбие трансферот во редовите на Росонерите.

Иако данскиот напаѓач сака да остане во Манчестер јунајтед, клубот е подготвен да го продаде или барем да го испрати на позајмица. Со доаѓањето на Бењамин Шешко, Хојлунд ќе има ограничена минутажа на „Олд Трафорд“, па Јунајтед веќе му бара нова дестинација.

Меѓу заинтересираните се Милан, Баерн Минхен и уште неколку клубови, но Хојлунд засега не дал согласност за ниту еден трансфер, особено не за оној што би го одвел на „Сан Сиро“.

Во изјава за „Газета дело спорт“, Саки му испрати јасна порака на младиот напаѓач.

„Хојлунд не сака во Милан? Па, тој не е Ван Бастен. Ако те повика Милан, треба веднаш да го спакуваш куферот и да го фатиш првиот авион. Манчестер јунајтед исто така е легендарен клуб, но таму ќе направат сè за да те продадат, додека Милан ти нуди место на прв напаѓач. Што би избрал ти?“, праша Саки.

- Оглас -

Најнови вести