Аријан Адеми си заминува од Динамо Загреб и се сели во Емиратите

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми веќе нема да игра за Динамо Загреб. Тој се договорил со клуб од Обединетите Артапски Емирати, чиј тренер е Крунослав Јурчиќ. Хрватот одлично ги познава квалитетите на Адеми и ја натерал управата за капитенот на Динамо да испрати финансиска понуда која не може да се одбие.

Ал-Наср и Динамо деновиве треба да го комплетираат трансферот на Адеми. Како играч на Динамо, Адеми имаше 252 меча и постигна 22 гола. Веста за преминот на Адеми во Ал-Наср изненади многумина при враќањето на Модрите од Ровињ, каде што беа на подготовки. И Адеми беше во Ровињ, но не тренираше поради повреда.

- Оглас -

Најнови вести