Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, изјави дека го замислува Венсан Компани на чело на тимот уште 5-10 години. Членот на надзорниот одбор на клубот зборуваше пред реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ.
„Тој може да остане тука уште пет или десет години, според мене. Тој ги направи сите играчи подобри. Тој развој јасно му го припишувам на нашиот тренер. Група од 15, 16 или 18 многу добри индивидуални играчи станаа хомоген тим благодарение на него. Мора да му се восхитувате на Компани што го натера неговиот тим да игра толку офанзивно во Париз – беше неверојатно. Пресвртницата беше несреќната ситуација со пеналот непосредно пред полувремето. Такво нешто е сурово – влегувате во соблекувалната со негативно чувство додека противникот се враќа мотивиран. Но, начинот на којшто тимот реагираше – како што направија толку многу пати претходно, на пример во Фрајбург, во Мајнц или неодамна против Хајденхајм – начинот на којшто се вратија, продолжија да играат и не се откажаа, навистина е феноменален“, вели Хенес.
Хенес го прашаа кој играч од ПСЖ веднаш би го довел, а одговори како од пушка: „Ашраф Хакими. Одлично би се вклопил кај нас“.

