„Армејците“ во чекор со европскиот првак

ЦСКА Москва добро се намачи за победа на гостувањето во Лас Палмас кај Гран Канарија, при конечни 106:91. Изрбаниците на Димитрис Итудис и по четири средби остануваат непоразени во Евролигата, исто како и европскиот првак Реал Мадрид, па заедно со „кралевите“ ја делат првата позиција на табелата.

Домаќините добро се држеа во првите два периоди, а на паузата имаа и предност од три поени, при резултат од 55-52. ЦСКА со додатни напори го свртеа резултатот во своја корист, но неизвесноста траеше се до последните четири минути од мечот, за потоа гостите да направат и +9. На две минути пред крајот Де Коло погоди тројка за 100 поени на ЦСКА, кош можеби ја запечати победата за неговиот тим.

Нандо Де Коло беше најефикасниот од шестте играчи на ЦСКА кои постигнаа двоцифрен број на поени, а Французинот постигна 22, Хигинс додаде 17 поени. Клевин Хена беше најрасположениот играч на Гран Канарија со 17 поени.

Претходно Жалгирис славеше по продолжение против на гости кај Панатинаикос со конечнен резултат од 87:83, а исто така издвои гостински триумф иБарселона, откако ја совлада екипата на Дарушафака со резултат од 79:71.

- Оглас -

Најнови вести