Јошко Гвардиол посакува трансфер во Баерн Минхен

Дефанзивецот на Манчестер сити, Јошко Гвардиол, наводно има желба да се врати во Бундеслигата и да потпише за Баерн Минхен, пренесува „Билд“.

Според информациите, околината на хрватскиот репрезентативец исто така го охрабрува да направи трансфер назад во Германија, каде што претходно настапуваше во својата кариера за тимот на Лајпциг.

Сепак, иако Баерн го има на листата на желби, реализацијата на трансферот во овој момент изгледа сложена, пред сè поради високата цена од околу 70 милиони евра.

Покрај тоа, Манчестер сити веќе му понудил нов договор на 24-годишниот дефанзивец.

Во Баерн се свесни дека за голем трансфер ќе мора да направат и продажби. Меѓу можните заминувања се споменуваат Ким Мин-Јае и Хироки Ито, доколку пристигнат задоволителни понуди.

На листата на баварскиот шампион за засилување во одбраната се наоѓа и Јан Бисек од Интер.

- Оглас -

Најнови вести