Арменулиќ: „Разделбата на Горан и Новак е добра, знам кој е идеален тренер за Ѓоковиќ“

Најдобриот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, вчера ги изненади сите кога објави дека ја прекинал соработката со неговиот тренер, Хрватот Горан Иванишевиќ. Свој коментар за ова имаше и поранешниот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Србија, Радмило Арменулиќ, кој вели дека Ѓоковиќ донел добра одлука.

„Пресудни се резултатите. Новак сфати дека Иванишевиќ не може да му посвети внимание колку што му е потребно. Очигледно дека тренинзите не биле активни, дека дошло до заситување. Мислам дека Новак донесе исправна одлука. Ќе видиме дали ќе биде и успешна, моето мислење е дека ќе биде. Горан беше мој играч, одлично го познавам. Сака да фантазира, а тоа не е добро за тренер. Посебно не за тренер кој треба да се грижи за најдобриот во светот. Не сум сигурен и дали може да ги следи деталите во тенисот“, вели Арменулиќ.

Радмило Арменулиќ во интервјуто за српските медиуми го најави и новиот тренер на Новак Ѓоковиќ.

„За Новак во моментов е најважно да ја врати самодовербата, а тоа кај него оди брзо. Ако нов тренер му биде Лендл, очекувам позитивни резултати. Сепак, ќе биде тешко, јавноста од него да очекува само да освојува трофеи и ништо помалку“, додава тој.

- Оглас -

Најнови вести