4.8 C
Skopje
четврток, 27 ноември 2025

Арне Слот е пред отказ, а јасно е и колку Ливерпул ќе треба да му плати ако го отпушти

Холанѓанецот Арне Слот е најсериозниот кандидат за следен тренер што ќе добие отказ, бидејќи Ливерпул игра слабо и урива сопствени негативни рекорди во Премиер лигата.

Новиот пораз во Лигата на шампионите само дополнително ја влоши ситуацијата, а актуелниот англиски шампион е далеку од посакуваната форма и се потребни сериозни резови, крупни промени или едноставно повеќе трпение.

Дали раководството на Ливерпул го има тоа трпение?

Она што засега е познато е дека клубот би морал да плати најмалку 10 милиони фунти доколку реши да се раздели со актуелниот тренер.

По поразот од ПСВ, Арне Слот изјави:

„Не сум загрижен. Се фокусирам на тоа да ги исправам работите. Ќе продолжам да анализирам и да им помагам на играчите колку што можам. Јасно е дека не успевам да го правам тоа на нивото од минатата сезона“, рече Слот.

Ливерпул традиционално не менува тренери така често, клубот секогаш важеше за трпелив. Доволно е да се потсетиме на Брендан Роџерс, кој имаше очајна сезона 2015/16, а сепак долго време беше задржан на клупата.

- Оглас -

Најнови вести