Арне Слот самоиницијативно го прекинал одморот и се упатил во Јужна Франција за да преговара со можно засилување на Ливерпул. Оваа информација ја пренесуваат медиуми од Островот, а Слот се одлучил на ваков потег откако дознал дека фудбалерот веќе бил посетен од Пеп Гвардиола, кој сака да го ангажира во Манчестер сити.
Се работи за Ријан Шерки од екипата на Лион, чија цена во моментов е 40 милиони евра. Дваесет и едногодишниот фудбалер игра одлично во Лига 1, па го привлече вниманието на европските великани, а во Манчестер сити го гледаат како наследник на Кевин де Бројне.
Со оглед на тоа дека Лион е во финансиска криза, ќе мора да го продаде Шерки, а Ливерпул и Арне Слот сакаат да ја искористат оваа ситуација и да го донесат на „Енфилд роуд“.