Англискиот првак Ливерпул состави листа од тројца напаѓачи кои се сметаат за најпосакувани засилувања во нападот на менаџерот Арне Слот.
Прва цел и понатаму останува шведскиот голгетер на Њукасл, Александер Исак, фудбалер кој би чинел најмногу и претставува сериозна инвестиција. Како алтернатива повторно се споменува младиот француски напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Екитике.
На листата се појави и ново звучно име, Виктор Осимен. Нигериецот минатата сезона беше позајмен во Галатасарај од Наполи, а сега за неговиот потпис конкурира и Ал-Хилал, кој покажа сериозен интерес, исто како и Јувентус и Манчестер јунајтед.
Сепак, пред да почне со конкретни понуди, Ливерпул сака прво да се ослободи од Дарвин Нуњес. Уругвајскиот напаѓач е ставен на трансфер листа, а иако Наполи беше заинтересиран, не сака да ја плати високата цена што ја бараат Црвените. Потенцијална дестинација за Нуњес е и Ал-Хилал.