4.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Арне Слот: „Не сме навикнати на вакви ситуации, многу промашувавме“

Ливерпул се наоѓа во катастрофална серија од четири порази по ред, од кои три се во Премиер лигата. Актуелниот шампион на Англија загуби и од големиот ривал, Манчестер јунајтед, пред своите навивачи, а Арне Слот вината ја гледа во неефикасноста.

„Имавме повеќе од доволно шанси да постигнеме гол. Не сме навикнати на вакви ситуации. Ни требаше погодок, но ни требаше и играч кој може да создаде нешто во завршницата. Секој играч се обиде со сè што можеше. Но, не ни успеа. Знаевме дека ќе биде тешко, а кога примаш гол по една или две минути, тоа ги отежнува работите. За жал, многу промашивме. Нема изговори. Имавме повеќе од доволно шанси за погодок.“ – рече Слот по поразот од големиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести