15.8 C
Skopje
понеделник, 10 ноември 2025

Арне Слот: Неделата започна многу добро, но заврши многу лошо

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше тешкиот пораз од 3-0 против Манчестер сити признавајќи дека неговиот тим треба да го подобри настапот, но истовремено изрази незадоволство од поништениот гол во дербито на „Етихад“.

„Неделата започна многу добро, но заврши многу лошо. Сепак, гостување кај Сити е тежок натпревар за секој, вклучително и за нас. Минатата сезона успеавме да победиме тука затоа што поведовме со 1-0 по статична акција, а потоа требаше многу цврсто да се браниме. Никогаш нема да разбереме што би се случило при 1-1 доколку ни беше признат голот, но генерално тие беа подобриот тим. Треба да се подобруваме, тоа го знаеме, не ми требаше овој меч за да го сфатам тоа. Сепак, ако има нешто позитивно, тоа е нашиот настап во второто полувреме. Често тимови кои имаат тешкотии и губат со 3-0 тука едноставно се предаваат, но јас не го видов тоа. Видов тим кој се обидуваше да се врати во натпреварот. Имавме свои моменти, но тоа не беше доволно“, изјави Арне Слот.

Тој посебно се осврна на поништениот гол на Вирџил ван Дајк, кој можеше да го промени текот на натпреварот.

„Мислам дека е очигледно и јасно дека беше донесена погрешна одлука, барем според мене. Робертсон на никаков начин не му попречи на голманот. Веднаш по натпреварот ми покажаа гол кој истиот судија го призна за Сити против Вулверхемптон минатата сезона. На страничниот судија му требаа 13 секунди да го подигне знамето за офсајд, што очигледно покажува дека имало комуникација. Ова можеше да влијае на мечот позитивно за нас бидејќи во првото полувреме бевме многу слаби. Требаше да сме среќни ако на пауза се повлечевме само со еден гол минус, а камоли ако резултатот беше 1-1 или 2-1. Значи, ова беше влијателна одлука, но тоа не значи дека ќе постигневме добар резултат тука бидејќи не може да се предвиди како ќе се развиеше второто полувреме“, додаде Холанѓанецот.

- Оглас -

Најнови вести